Скорпија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Скорпија
Remove ads

Скорпиите, скорпионите,[1][2] чкрапјите[3][4] или акрепите[5][6] — осумножни членконоги, членови на редот Scorpiones. Тие живеат во тропските и суптропските предели. Постојат повеќе од 1.400 различни видови скорпии. Најголем претставник е царската скорпија (Pandinus imperator) од Западна Африка која е долга 21 см, додека најмалите видови се долги само неколку mm. Меѓутоа, за време на силурот и девонот постоеле џиновски водни скорпии долги и до 2 м.

Кратки факти Скорпии, Научна класификација ...
Remove ads

Морфологија

Опашниот дел на скорпиите, кој е најчесто составен од пет сегменти, завршува со отровна боцка. Педипалпите се големи и завршуваат со клешти. Забележано е дека потенцијалот на отровот е обратнопропорционален со големината на нивните клешти. Ова значи дека доколку се помали клештите, толку е посилен отровот на скорпијата. Некои видови поседуваат отров кој би можел да убие човек. Во принцип, отровот на скорпиите е од невротоксична природа. Боцката на крајот од телото може да се користи за парализирање на пленот, но нејзината примарна функција е одбранбена.

Скорпиите имаат помеѓу три и шест пара на прости очи сместени околу нивниот карапакс, давајќи им можност за гледање во повеќе насоки, како и пар на сложени очи кои се ориентирани кон напред. Меѓутоа, многу скорпии имаат слаб вид, а некои се и слепи.

Remove ads

Поведение

Скорпиите се многу издржливи животни. Тие можат да се вратат во живот по смрзнување од неколку недели, а исто така преживуваат и потопување за време од два дена. Некои видови, пак, можат да издржат без храна и до една година. Скорпиите се и долговечни животни (некои достигнуваат и 30 години). Некои видови можат да произведат шуштечки звук со помош на триењето на нивните клешти од нозете.

Сите скорпии се ловци и можат да детектираат слетување на бумбар или треперење на крила од еден инсект на растојание од повеќе од 1 m, но повеќето видови претпочитаат да го чекаат пленот пред да го нападнат.

Thumb
Скорпија со своите млади кои ги носи на својот грб.
Remove ads

Скопријата во уметноста и во популарната култура

  • „ТВ-скорпија“ (TV Scorpion) - песна на американската група „Бордомс“ (Boredoms) од 1990 година.[7]
  • „Скорпија“ (Scorpio) - песна на американската хип-хоп група Grandmaster Flash and the Furious Five од 1983 година.[8]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads