Скочивирски манастир

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Скочивирски манастирmap
Remove ads

Скочивирски манастирманастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во близина на селото Скочивир.[1]

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Историја

Според преданието, манастирот бил основан во 1870 година[б 1] по побуда од страна на млада девојка по името Анѓа, која сонила дека треба да преноќи во месноста Џајкова Чука и на тоа место да остави некој нишан. Со тек на време, на тоа место бил изграден мал манастир посветен на Архангел Михаил, до извор од којшто мештаните веруваат дека тече света лековита вода. Во 1967 година, мештаните ја започнале изградбата на манастирската црква нешто погоре од стариот манастир. Манастирската црква била реновирана во 1998 година кога се изградени и манастирските конаци.[2]

Remove ads

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, чешма, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Св. Архангел Михаил“

Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон десната страна на храмот, непосредно пред главниот влез, е прилепена камбанаријата.

Галерија

Белешки

  1. Над влезот на еден од помошните објекти има мермерна плоча на којашто е наведена 1836 година.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads