Скротум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скротум или мадно кесе — двокоморна кеса од кожа и мускули. Скротумот се наоѓа кај некои цицачи, меѓу кои и човекот, и во него се наоѓаат тестисите, кои се одделени со септум.[1] Кесата е продолжеток на перинеумот и се наоѓа меѓу пенисот и анусот. Кај човекот и животните, скротумот, како и срамниот дел, се прекриени со срамни влакна, кои растат за време на половото созревање (кај човекот). Биолошки, скротумот е хологен на големата усна од вагината.
![]() | Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Remove ads
Структура
Функција
Функцијата на скротумот е да ја одржува температурата на тестисите нешто помала за разлика од остатокот на телото.[3] Кај луѓето, температурата на скротумот треба да биде 35 до 36 степени, односно еден или два степени под прифатливата температура на телото (37 степени). Повисоката температура може да влија на семето. Ако околината е поладна, тестисите се повлекуваат кон абдоменот (се затегнуваат), а ако е претопло, тие се оддалечуваат (се опуштаат). Со оддалечувањето на тестисите од телото се дозволува побрзо намалување на температурата. Мускулите околу скротумот го вршат ова собирање и опуштање.
Сепак, ова може да не е главната функција на скротумот. Количината на спермата создадена во тестисите е мала. Според теориите, ако тестисите биле во абдоменот, тие би подлегнале на поголеми притисоци од страна на мускулите и би се овозможило побрзо празнење на тестисите. Кај слоновите и водните цицачи, тестисите се во абдоменот.
Remove ads
Дијаграми
- Вертикален пресен на мочен меур, пенис и мочен канал.
- Површински гранки на внатрешната пудентната артерија.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads