Слабински прешлени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слабинските прешлени (латински: vertebrae lumbales) го сочинуваат слабинскиот ’рбет, кај човекот се пет и се наоѓаат на ’рбетниот столб под градните прешлени и над крстните прешлени. Слабинските прешлени се означуваат: L1, L2, L3, L4 и L5.
Remove ads
Делови

Кај слабинските прешлени се разликуваат:
- тело (corpus vertebrae), телото од слабинските прешлени е пошироко и поголемо за разлика од другите тела на другите прешлени кои се помали;
- прешленски лакови (arcus vertebrae), прешленскитe лакови се многу цврсти и силни и од нив продолжуваат израстоците;
- прешленски отвор (foramen vertebrale);
- горни зглобни израстоци (processus articulares superiores);
- долни зглобни израстоци (processus articulares inferiores);
- напречни израстоци (processus transversus), напречните израстоци се долги и со триаголна форма;
- ’ртен израсток (processus spinosus).
Remove ads
Особености
Одлики на првиот и петтиот слабински прешлен:
Зглобови
- Зглобовите меѓу зглобните израстоци на прешлените, се рамни зглобови и се врши само лизгање.
- Зглобовите меѓу пешленските тела, ги спојуваат телата со помош на меѓупрешленски плочи (латински: discus intervertebralis), коишто се зајакнати со помош на два надолжни лигаменти: преден и заден.
- Движењата зависат од еластичноста на ’рбетниот столб и од неговата извежбаност.
Галерија
- Слабинските прешлени кај човекот (црвен дел).
- Облик на слабинските прешлени (син и жолт дел).
- Позиција на слабинските прешлени во рбетниот столб (жолт дел).
- Истегнување на слабинскиот ’рбет.
- Рантгенска снимка на слабински ’рбет со значајна промена помеѓу петтиот слабински пршлен и крстната коска на машки пациент на возраст од 24 години.
Надворешни врски
![]() | Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads