Слава (празник)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Слава (празник)
Remove ads
Remove ads

Слава — обредно одбележување на одреден празничен ден поврзан со православен христијански календар, исто така може да биде обележување на името на светецот и оној кој го носи неговото име. Распространета е во Србија, Црна Гора, Република Српска, Македонија, како и кај католички семејства во Бока Которска, Конавли, јужна Херцеговина, Далмација, во северна Албанија, како и кај муслиманските семејства во Босна и Херцеговина и Санџак, кај Горанците и Јањевците.

Thumb
Ритуална свеќа и погача веднаш до иконата

Славата е секогаш поврзана со денот на некој светец и може да биде домашна — крсна слава, именден — крсно име, или селска слава. Обредни елементи и дејствијата поврзани со слава се богати и укажуваат на зачуваните митолошки одлики на елементи од древната, паганска вера на Словените, пред сè на почитување на култот на предците.

Remove ads

Историјат

Thumb
Запис на старо стабло од липа

Првите податоци за овој вид обичај се забележани уште во 11 век. Постојат повеќе истражувачки пристапи кои славата ја поврзуваат со време на прифаќање на христијанството, но и задржување на дел од прастарата словенска вера во сопствен пантеон и благо изедначување на ликовите и делата на христијанските светители со прастари божества и натприродни битија, како и обележување на култот на предците, но и славење на семејството и неговите вредности и одавање почит кон натприродното. Пренесување на славата од колено на колено пак укажува на грижата за очувување на традиционалните вредности и сеќавање на потеклото.

Се верува дека славата (светецот чија слава се слави) го штити семејството и домот. Славата се менувала само во посебни прилики, но и тогаш останувал завет за палење свеќи и одење во црква на претходната слава. Слава на населението или селото вообичаено се обележувала околу црквата, старите свети стебла запис, или на местата на кои се сметале свети и често биле обележувани со крст.

Remove ads

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads