Славонски Брод

From Wikipedia, the free encyclopedia

Славонски Бродmap
Remove ads

Славонски Брод (хрватски: Slavonski Brod) — град во Хрватска и административен центар на Бродско-посавска жупанија. Според првичните резултати од пописот 2011, во градот живееле 59.507 жители, а во самото населено место живееле 53.473 жители. Славонски Брод е најголем и најзначаен град во Славонија.

Кратки факти Славонски Брод, Држава ...
Remove ads

Географија

Славонски Брод се наоѓа на северниот брег на реката Сава, на границата со Босна и Херцеговина и е центар на Бродско-посавска жупанија. Претставува раскрсница на главните сообраќајни правци во правец запад-исток и север-југ. Низ Брод поминува и железничка пруга и автопат кој ја поврзува Западна Европа со Блискиот Исток, а на реката Сава има мост кој ја спојува Хрватска со Босна преку официјален граничен премин. Градот е сместен на пола пат помеѓу Загреб и Белград, на крајниот југ на Панонската Рамнина, помеѓу Бродско Брдо на север и реката Сава на југ. Пловниот пат на реката се користи уште од римско време, а паралелно со реката Сава, денес, низ славонската рамнина се простира и нафтовод.

Remove ads

Историја

Населба на овој дел од Хрватска постоела уште во праисториско време, благодарениe на поволната географска положба, умерената континентална клима, плодната почва и близината на реката. Градот го доби името Брод кое на почетокот значело место на кое се прегазува реката, а после и средство за остварување на истото.

На североисточниот дел на градот, во месноста Галово, не многу одамна е откриено богато наоѓалиште на античка култура од раното камено време. Освен фактот дека се работи за најголемото наоѓалиште од каменото време на подрачјето на Северна Хрватска, исклучително е значајно да се нагласи дека пронајдените остатоци го потврдуваат 8.000 години старото населување на Брод.

Денес Славонски Брод е сообраќаен град на автопатот кој ја поврзува Средна и Западна Европа со Мала Азија. Како административен центар на жупанијата и индустриски центар, Славонски Брод и понатаму расте и се развива, поготово во последните десетина години.

Remove ads

Население

Град Славонски Брод

Број на жители според попис

Година 2001. 1991. 1981. 1971. 1961. 1953. 1948. 1931. 1921. 1910. 1900. 1890. 1880. 1869. 1857.
бр. жители 64.612 57.229 49.153 40.043 30.093 23.116 20.196 19.203 13.729 13.193 9.627 6.940 5.872 4.775 4.015

Славонски Брод (населено место)

Број на жители според попис

Година 2001. 1991. 1981. 1971. 1961. 1953. 1948. 1931. 1921. 1910. 1900. 1890. 1880. 1869. 1857.
бр. жители 58.642 55.683 47.583 38.705 28.810 21.858 16.681 15.827 11.199 10.651 7.532 4.968 4.433 3.362 2.736

Образование

Денес во Славонски Брод поштои Машински факултет, Висока учителска школа, осум средни и единаесет основни училишта. Од установите на претшколска возраст, во градот постојат седум детски градинки, Центар за рехабилитација на деца со попречен развој и една Музичко-јазична работилница. Стапката на неписмени е ниска во однос на вкупниот број на жители. Најголемиот број на неписмени се старите лица.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads