Слеме

From Wikipedia, the free encyclopedia

Слеме
Remove ads

Слеме — највисоката точка на кровната конструкција или највисока хоризонтална линија на пресекот на косите рамнини што го образуваат покривот. Височината на слемето се одредува и мери од котата на завршниот венец на градбата. Максималната височина на слемето над завршниот венец на градбата се одредува со урбанистички план во зависност архитектонскиот израз. Во Македонија максималната височина изнесува 4,5 м, но може да се измени со урбанистички план. Во рамките на дозволената висина на слемето и силуетата на покривот се уредува потпокривен корисен простор кој се третира рамноправно како и другиот корисен изграден простор по спратовите на градбата.[1]

Thumb
Слеме на двоводен покрив и слемен украс

Кај класичните дрвени покриви, роговите обично се свртени еден кон друг на слемето, а може да бидат прифатени и од слемена греда.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads