Сливенски мост

мост во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сливенски мост (грчки: Γεφύρι Κορομηλιάς) — стар камен мост северно од селото Сливени, Костурско, Егејска Македонија.

Кратки факти Сливенски мост Γεφύρι Κορομηλιάς, Координати ...

Мостот е добар пример за техничката конструкција на мостовите од XIX век и важен модел за архитектонските решенија во мостоградбата во отоманско време.[1] Според гравираниот натпис од југозападната страна на мостот, на исток од клучниот камен, изграден е во 1865 година. Подигнат е од француски градители во служба на отоманската држава. За изградбата е искористен материјал од постар мост што се наоѓал на истото место.[2][3]

Ова е еднолачен мост со должина од 26 м, ширина од 2,8 м и висина од 7 м. Лакот е широк 16 м. Клиновидните камења кои го образуваат лакот се црни плочи од шкрилец, и само клучниот и гравираниот камен се одвојуваат со својата белина бидејќи се од варовник.[3]

Во 2006 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[1]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads