Сликар

лице што се занимава со сликарство From Wikipedia, the free encyclopedia

Сликар
Remove ads

Сликар, сликарка — лице што се занимава со ликовна уметност.[1][2] Сликарот користи различни сликарски техники и материјали за да на двомерна подлога (платно, дрво, хартија, ѕид, итн.) создаде уметничка претстава што може да биде реалистична, апстрактна, симболична или со друг карактер. Сликарството е една од најстарите и најзначајните гранки на ликовната уметност.

Thumb
Автопортрет на шпанскиот уметник Игнасио Сулоага. 1931. Платно, масло. Лувр, Париз
Remove ads

Историја

Првобитната ликовна дејност на човекот не била естетска и уметничка во современата смисла на зборовите поради синкретизмот (неодделеноста) на првобитните функции: обредни, магиски, когнитивни, воспитни, комуникациски и творечки (технички). Естетските квалитети на сликите исто така се развиле и биле сфатени многу подоцна. За ова убедливо сведочат сликите на карпите од „натуралниот стил на примитивните ловци“ и таканаречената „натурална макета на ѕвер“.

Дури и во древноста, „уметноста“ сѐ уште била целосна, од неа не се издвојувале ниту естетската, ниту уметничката, ниту когнитивната или „производствената“ (техничка) функција. За прв митолошки сликар се сметал Дедал, меѓутоа, тој бил истовремено и скулптор, и леар, и занаетчија пронаоѓач. Во Стариот Египет, сликарите украсувале гробници и камени куќи, а занаетот на сликарот бил тесно поврзан со изработката на бои. Во Стариот Египет, создавањето слики се сметало за магично дејство, а сликарите биле почитувани на исто ниво со свештениците.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads