Слободанка Чичевска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Слободанка Чичевска
Remove ads

Слободанка Танева-Чичевска (р. 8 јуни 1964 година) — македонска театарска и филмска глумица која живее и работи во Велес.

Кратки факти Слободанка Чичевска, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Слободанка Чичевска е родена на 8 јуни 1964 година во Велес, Македонија. Основно и средно образование, завршила во  Гимназија „Кочо Рацин", Велес. Студирала на Академијата за театар и филм во Софија, Бугарија, а потоа завршила и на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА во Скопје, во класата на професор Мето Јовановски. Според театарскиот критичар Иван Ивановски, таа е глумица во театарот, која подеднакво добро се снаоѓа и во класичните и во улогите со комичен карактер, застапена и како режисер и како автор на повеќе претстави за деца. Чичевска започнала да работи во велешкиот театар од 1978 година како член на Младинското студио. Вработена е во Театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од 15 октомври 1986 година.

Remove ads

Театарски улоги

Чичевска во 1984 година со „Сомнително лице“ во режија на легендарниот Петре Прличко и со него во главна улога таа ја игра Анѓа, тогаш велешкиот театар добил ново име „Драмски театар“, без атрибутот аматерски, и тоа бил предвесникот за враќање на професиналниот статус.

Во 1986 година со се вработила во велешкиот театар. Го напуштила електротехничкиот факултет и школувањето го заокружила подоцна во Софија и започнала со улогите: Агафја во „Женидба“, Дона Елвира во „Дон Жуан“, Соња во „Вујко Вања“, Попова во „Мечка“ и мн. други.

Од 1992 година започнала да игра во претстави во античкиот театар Стоби. Настапувала како  Електра во „Електра“ од Еврипид на 27 јули 1992[1], улогата Антигона во „Антигона“ од Софокле, Клитајмнестра во „Ифигенеја во Авлида“, Елена Тројанска во „Орест“ Клитемнестра во „Ифигенеја во Авлида", Јокаста од „Ојдип Тиранин",  Касандра, Елена- Тројанска од „Орест" Еврипид, Лампита во „Лисистрата, Сила во Плутос", Бегалка во „Баханалии" , Ученикот од „Облаци", „Птици од Аристофан“, „Жени во народното собрание", „Бакхи", „Сердарот" од Прличев и мн. други[1].

Чичевска е режисер  на повеќе од 15- тина претстави за деца во кој се јавува и како автор на текст во: „Смрзнатиот пингвин", „Маја и крадците", „Царче Жарче"[2], „Златната рипка", „Шумска болница"[3] адаптација и режија на „Емигранти"- Мрожек, „Некрстени денови"[4], „Будење на Ангелите".

Покрај тоа, Чичевска својот глас го позајмила и во неколку радиодрами, хумористичната емисија „Коце и Коца"  која повеќе години се емитувала секоја сабота во живо. Таа е оснивач на Младинското студио „Прличко".

Remove ads

Филмографија

Таа била дел од и од филмски дела, како што се улогите на: Гувернанта во „На Балканот не се пие чај", улогата на првата другарка на Сербез Донка, во „Сербез Донка", „Македонски народни приказни“, серијата „Погрешно време" - во две улоги како инспекторка и проститутка,  улогата на мајката во „Вистински момент", на А. Арсовски и улогата на Цвета во „Мајка" на Ѓ. Лазов.

Награди

  • Плакета „Вила Зора“ за глумица на годината во 1997 година
  • Гран-при за најдобра претстава за деца на ФААД- Кочани за режија и адаптација на „Златната рипка".
  • Пофалчница „9 номеври“[5] за вкупен придонес на театарската уметност во Општина Велес во 2016 година.
  • Награда за животно дело „Петре Прличко" за 2025 година[6]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads