Слободан Живојиновиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Слободан Живојиновиќ
Remove ads

Слободан „Боба“ Живојиновиќ (роден на 23 јули 1963 г.) — поранешен српски тенисер кој се натпреварувал за СФР Југославија. Тој и Ненад Зимоњиќ се единствените српски тенисери кои биле рангирани на првото место на АТП листата во конкуренција на двојки. Во поединечна конкуренција, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година и до полуфиналето на Вимблдон во 1986 година, а негов најдобар пласман во кариерата во поединечна конкуреција било 19. место на АТП листата.

Кратки факти Земја, Место на живеење ...
Remove ads

Тениска кариера

Живојиновиќ настапил за СФР Југославија како петнаесетти носител на Летните олимписки игри 1988 во Сеул, Јужна Кореја, и бил поразен во второто коло од французинот Ги Форже.

Тој освоил две титули во својата кариера во поединечна конкуренција (Хјустон, 1986 и Сиднеј, 1988), како и осум титули во двојки. Највисоко место на АТП листата во поединечна конкуренција, Живојиновиќ постигнал на 26 октомври 1987 година, кога бил на 19. светски тенисер.

На Гренд слем турнирите, Живојиновиќ двапати успеал да стигне до полуфинале. Како играч кој не бил носител на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година, тој незаборавно забележал победа над Џон Мекинро во пет сета во четвртфиналето за да се пласира во полуфиналето (каде загубил во три сета од Матс Виландер). Следната година, тој стигнал до полуфиналето на Вимблдон, во кое во пет сета бил поразен од Иван Лендл.

Во текот на кариерата, Живојиновиќ остварил биланс од 150 победи и 138 порази. Поголем успех тој постигнал во игра на двојки, освојувајќи ја титулата на Отвореното првенство на САД во 1986 година заедно со Андрес Гомес. Истата година тој победил на уште три турнири. На 8 септември 1986 година, тој бил рангиран на 1. место на АТП листата во двојки.

Титили во кариерата (10)

Поединечно (2)

Легенда
Гренд слем (0)
Тениски Мастерс куп (0)
АТП турнири (2)
Повеќе информации Бр., Датум ...

Двојки (8)

Легенда
Гренд слем (1)
Тениски Мастерс куп (0)
АТП турнири (7)
Повеќе информации Бр., Датум ...

Титули во екипни натпреварувања (1)

Бр. Датум Натпреварувања Подлога Партнер/Тим Противници во финалето Резултат
1. 27 мај 1990 Светско екипно натпреварување, Диселдорф, Германија Земја Југославија Горан Иванишевиќ
Југославија Горан Прпиќ
САД Џим Куријер
САД Бред Гилберт
САД Кен Флах
САД Роберт Сегузо
2–1

Гренд слем настапи

Повеќе информации Турнир ...
  • A = не настапил на турнирот
  • НО = турнирот не бил одржан
Remove ads

Надворешни врски

Повеќе информации Спортски позиции ...
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads