Слубички Округ
округ во Лубушкото Војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слубички Округ (полски: powiat słubicki) — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште е Слубице, сместен на 63 км југозападно од Гожув Вјелкополски и 79 км северозападно од Желона Гура. Покрај седиштето, во округот има уште три града: Жепин на 19 км источно, Ошно Лубуске на 25 км североисточно и Цибинка на 24 км југоисточно од Слубице.
Округот зафаќа површина од 999,77 км2 и во 2019 г. броел 47.018 жители. Најнаселено место е Слубице со 16.705 жители, а потоа Жепин со 6.529.
Remove ads
Соседни места
Слубичкиот Округ се граничи со Гожувскиот на север, Суленќинскиот на исток и Кросненскиот на југ. На запад се граничи со Германија (градот Франкфурт на Одра и окрузите Меркиш-Одерланд и Одра-Шпре).
Административна поделба
Округот се дели на пет општини од кои четири се градско-селски и една е селска. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
Општина | Вид | Површина (км2) |
Население (2019) |
Седиште |
Слубице | градско-селска | 185,4 | 20.061 | Слубице |
Жепин | градско-селска | 191,1 | 9.745 | Жепин |
Цибинка | градско-селска | 279,7 | 6.492 | Цибинка |
Ошно Лубуске | градско-селска | 198,0 | 6.426 | Ошно Лубуске |
Гужица | селска | 145,6 | 4.294 | Гужица |
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads