Куќна послуга

From Wikipedia, the free encyclopedia

Куќна послуга
Remove ads

Изразот куќна послуга се користи за означување на еден или повеќе слуги кои се вработени во домаќинствата на нивните работодавачи.

Thumb
Вентворт Вудхаус од Целосна историја на округот Јорк од Томас Ален
Thumb
Лонглеат куќа, Вилтшир, седиште на Маркизите од Бат

Зависно од големината на куќата, имотот и семејството, во едно домаќинство можат да бидат вработени од еден до голем број на слуги, често како дел од комплексна хиерархија.

Remove ads

Управување со домаќинството

Куќи со големи поседи или семејства со повеќе од едно живеалиште вработуваат управител кој го надгледува работата на ваквата установа. Денес неретко среќаваме примери каде што брачниот пар ја споделува должноста за управување меѓусебно.

Куќен персонал

Бројот на послугата и поделбата на работните задачи зависи од големината на имотот домаќинството или изборот на работодавачот, но генерално кај поголемите домаќинства домашната послуга е поделена во одделенија управувани од:

  • Батлер—Одговорен за сите вработени; задолжен за оставата, чајната кујна, винскиот подрум и собата за ручавање. Во помали куќи батлерот е истовремено и личен слуга на господарот. Машката послуга дава отчет кај него. Иако батлерот му служи на господарот, често дава отчет на господарката на куќата или на домаќинот. Батлерот обично има барем еден сопствен слуга.
  • Готвач—Одговорен за кујната и кујнскиот персонал. Понекогаш како главен е вработен шеф на кујна со неколку подредени готвачи. Готвачите обично даваат отчет на господарката, но понекогаш и на домаќинот.
  • Домаќин—Одговорен за изгледот на куќата; Главен/а на сите женски слуги. Во многу големи куќи домаќинства батлерот и готвачот му даваат на домаќинот. Домаќинот обично има барем по еден сопствен слуга.

Помошен персонал

Јуниорски персонал

  • Пешак
  • Меѓуслугинка
  • Меѓуслуга
  • Слугинки—собарки, салонски слугинки, готвачки, перачки, детски слугинки, кујнски помошнички, помошнички за конзервирање
  • Паж
  • Шивачка
  • Општ помошник
Remove ads

Персонал на имот

Управител е одговорен за одржувањето на имотот, негово планирање и изглед и помошните објекти (како базен, кабина, штала, стакленик итн.) Овие одговорности се поделени по следниве одделенија:

  • Главен градинар—одговорен за имотот околу куќата; претпоставен на сите градинари или сезонски работници.
  • Главен коњушар, Господар на загарите или Ловочувар - разни титули кои се употребуваат за лицето кое е чувар на животните, особено оние коио се користат за хобија како јавање, Лов на лисици и Кучкарство.

Помошен персонал

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads