Смртоносна инекција

From Wikipedia, the free encyclopedia

Смртоносна инекција
Remove ads

Смртоносна инекција е средство за извршување на смртна казна, под налог на судско решение. Процесот подразбира внесување на одредени супстанции во организмот на казнетиот, со цел да се усмрти истиот. Ваквиот вид на казна денес постои благодарение на њујоршкиот доктор Џулус Маунт Блејер, кој во 1888. година, го предложил овај вид на казнување пред сè заради тоа што „предизвикува безболна смрт и е похуман начин на погубување за разлика од било кој друг дотогаш“.

Thumb
Соба за усмртување со инекција во затворот Сан Квентин во Калифорнија, САД
Thumb
Смртоносната инекција како начин на погубување во САД — преглед по сојузни држави во 2007 г.
  Единствен начин на погубување
  Главен начин, со алтернативи
  Користена порано
  Никогаш не се користела
Remove ads

Супстанции кои се користат за време на процесот

За време на усмртувањето, се користат три типа на супстанции, и тоа:

Натриум тиопентал кој претставува еден тип на анестезија. Стандардната доза е околу 3-5 мг/кг, додека за време на извршување на казната се користи доза од 300 мг. Анестезијата дејствува така што во рок од десетина секунди доаѓа до мозокот, а осудениот губи свест.

Панкурониум бромид е супстанција која предизвикува парализа на мускулите кај човекот. Парализата настанува во рок од 10-45 секунди после внесувањето на супстанцијата во организмот, а парализата трае околу четири часа.

Калиум хлорид е супстанцијата која влијае на работата на срцевиот мускул. Супстанцијата дејствува во рок од неколку секунди, и настапува смрт на лице место.

Remove ads

Примена во Македонија и Европа

Македонија

Во Република Македонија никогаш не бил воведен закон со кој се дозволува извршување на смртна казна. Под тој налог, смртната инекција не е дозволена во Македонија, покрај тоа што граѓаните покажуваат интерес заради зголеменото ниво на криминал кој владее во државата.[се бара извор]

Европа

Откако владата во Велика Британија, заради притисок од институтот за медицина, одлучи да не го применува начинот на погубување со смртна инекција, останатите држави го следеа истиот чекор и се прогласи меѓународна забрана на овој вид на смртна казна. Денес, во ниедна европска држава не е дозволено извршување на овој тип на затворска казна.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads