Снижувалка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Снижувалка
Remove ads

Снижувалка или бемол[1] (♭) — музички предзнак кој означува снижување на тоновите зад него за полустепен. На имињата на вака снижените тонови се додава наставката -ес. Во овој случај, ако тонот е означен со самогласка, се губи e и се додава само . На пример цес (снижено це), ес (снижено e), ас (снижено a) итн.

Thumb
Снижувалка пред нотата во првата празнина на нотниот систем
Thumb
Двократна снижувалка пред нотата во првата празнина на нотниот систем

Во нотниот запис има потреба некој тон да се снижи и двапати, и во таа прилика се користи двојна снижувалка која се пишува со тесно поврзување на двете снижувалки пред нотата. Тоналитетите во чии предзнаци се јавуваат овие снижувалки не се практични и затоа многу ретко се среќаваат вон теоријата на музиката.

Remove ads

Запис

Знакот обично се пишува така што површината оградена со неговиот долен дел го означува местото на тонот што се снижува. Во рамките на нотниот систем, тој е во празнината, односно на линијата. Вон системот, неопходно е да се исцртаат помошни линии, како што би се правело за ноти.

Употреба

Постојат две можни употреби на овој знак:

  • Пред клучот или на местото на промената на тоналитетот, овој знак го означува снижувањето на секој следен тон што го опфаќа, до следната промена на тоналитет.
  • Во рамките на тактот, овој знак означува снижување на секој следен тон опфатен со него, но само до крајот на тактот.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads