Соборна црква „Света Софија“ - Велики Новгород
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Соборна црква „Света Софија“ (руски: Собо́р Свято́й Софи́и, romanized: el – соборна црква во новгородскиот кремљ во Велики Новгород. Таа е соборна црква на новгородскиот архиепископ односно седиште на Новгородската епархија при Руската православна црква.

Од 1992 година црквата се наоѓа во списокот на „Светското наследство на УНЕСКО“ како дел од комплексот „Историски споменици на Новгород и околината“. Храмот исто така се наоѓа на списокот на културното наследство на Руската Федерација под број 5310033042.[1]
Remove ads
Архитектура и историја
Црквата е висока 38 м, изградена е од камен и има пет куполи. Ја изградил меѓу 1045 и 1050 година, новгородскиот кнез Владимир Јарославич на место на поранешна црква која во X век ја изградил Јоаким Корсунијан. Со исклучок на црквите во Шоана и Архиз, претставува најстара црква во Русија која и денес е во употреба.
Од XII до XV век била духовно и културно средиште на Новгородската Република, а во текот на Втората светска војна тешко настрадала. Во советско време била музеј, а во 1991 година ѝ била вратена на Руската православна црква. Како дел од стариот град на Велики Новгород, во 1992 година влегла во Светското културно наследство на УНЕСКО.
На западниот влез во црквата се наоѓа познатата Магдебуршка врата.
Remove ads
Гробови
Во црквата „Света Софија“ се наоѓаат гробовите на Ана од Новгород, Владимир Јарославич, Лука Шиѓата и Јован Новгородски.
Литература
- Богуславский, Владимир Вольфович (2001). Славянская энциклопедия. Киевская Русь – Московия: в 2 т. Т.2 Н-Я. ОЛМА Медиа Групп. стр. 409–410. ISBN 978-5-224-02251-9.
- (германски) Willibald Sauerländer: Die Bronzetür von Nowgorod. R. Piper & Co, Minhen 1963
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads