Советник за национална безбедност (САД)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Помошник на претседателот на САД за национална безбедност (англиски: Assistant to the President for National Security Affairs APNSA), или најчесто скратено како советник за национална безбедност (NSA) [1] ― главен советник на претседателот на Соединетите Американски Држави за сите прашања поврзани со националната безбедност. Тој е член на Советот за национална безбедност на САД кој е дел од Извршната канцеларија на претседателот на САД. Канцеларијата на советникот за национална безбедност се наоѓа во западното крило на Белата куќа.

Советникот за национална безбедност го назначува претседателот, а потоа не треба да биде изгласан од Сенатот. Ако за оваа функција се именува генерал со три или четири ѕвезди, Сенатот треба да го потврди воениот чин.[2] Советникот за национална безбедност учествува на состаноците на Советот за национална безбедност (НСК). Советникот за национална безбедност, исто така, заседава во Советот за домашна безбедност (ХСЦ).

Моќта и улогата на советникот за национална безбедност варира од администрација до администрација, но во суштина е човек на ЦИА во Белата куќа.[3] Од 1953 година, овој функционер предводел специјална група за надгледување на тајните операции на ЦИА во странство, која во 1970-тите била трансформирана во Четириесетти комитет (Forty Committee).[4]

За време на криза, советникот за национална безбедност работи во Собата за ситуации во Белата куќа и на претседателот му обезбедува најнови вести за кризата.

Актуелен советник за национална безбедност (од 20 јануари 2021) е Џејк Саливен.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads