Согленски манастир

манастир на МПЦ-ОА From Wikipedia, the free encyclopedia

Согленски манастирmap
Remove ads

Согленски манастирманастир во азотското село Согле, сместен над селото, до кој води земјен пат од селото.[1][2]

Кратки факти Информации, Целосно име ...

Манастирот е најмногу познат по својата икона Богородица Согленска, која ги има преживеано сите премрежја на манастирот и за која се верува дека прави чуда.[3]

На денот на манастирската слава (Мала Богородица), манастирот е посетуван од бројни гости од околните села.[4]

Remove ads

Местоположба

Манастирот се наоѓа на 30 километри југозападно од градот Велес[2] и на околу 2,5 километри над селото Согле, во месноста Бачилиште.[4]

До манастирот води земјен пат кој се исклучува од регионалниот пат 2336 кај селото.

Историја

За манастирот нема многу информации, но може да се претпостави дека манастирската црква потекнува од постаро време, односно пред селото да биде населено со муслимани. Градбата на црквата веројатно била изведена некаде во XIV или XV век.[2]

Во периодот 1850-1855 биле вршени поправки на црквата.[2] Според истражувачот Јован Трифуноски, манастирската црква била изградена во 1856 година, кога во Согле уште имало христијани.[4]

Манастирот станал прилично богат во текот на своето постоење и добивањето поклони. Имал околу 300 кози, 50 говеда, 200-300 пчелни кошници и нешто ниви. Две ниви биле подарени на манастирот од муслиманите во Согле.[4]

За да се чува стоката и да се обработува земјата, во манастирот престојувале и до 30 работници.[4]

Стопанското значење на манастирот почнало да опаѓа по Втората светска војна.[4]

Во 2016 година, монашкиот живот во манастирот бил возобновен и во него живееле двајца монаси, Александар и Авакум.[3] Сепак, во 2024 година, во манастирот престојувала сестра Вероника.

Remove ads

Градби во манастирот

Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, помала манастирска црква во конаците, манастирските конаци, како и други помошни објекти.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“

Главната манастирска црква е посветена на Пресвета Богородица, по која е и наречен целиот манастир.[2]

Црква „Св. Јоаким и Ана“

Во склоп на манастирските конаци се наоѓа помала манастирска црква посветена на Свети Јоаким и Ана.

Света вода „Рождество на Пресвета Богородица“

Пред самиот манастир се наоѓа светата вода со истото име како главната манастирска црква.

Конаци

Покрај манастирот изградени се и конаци. На 25 август 2007 година поставен е и осветен камен-темелник за изградба на нови конаци. Осветувањето го извршил Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.[2]

Старите конаци на манастирот изгореле во пожар во 2012 година, а пожарникарите ги спасиле новите конаци и црквата.[5]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads