Солунски конгрес од јуни 1905 година

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Солунскиот конгрес од 1905 година е окружен конгрес на Солунскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација, тој бил еден од целата низа на окружни конгреси по Илинденското востание со цел да се зацврсти Организација и нејзината мрежа [1].

Работа и решенија

Првиот конгрес се одржал во јуни 1905 година.

Биле разгледани голем број на прашања, а на прво место биле осудени честите убиства и накажувања на симпатизерите на делото како и противниците на Организацијата и било побарано да се примени принципот на убедување, а не на казнување.

Било истаканто дека дека кон Организацијата не треба да бидат привлечени само учителите туку и луѓето од другите средини.

Биле разгледани разните злоупотреби на организациските луѓе и тоа било осуден.

На овој Конгрес биле разгледани постапките на Борис Сарафов и се побарало негово судење [2], а исто така била осудено изедначувањето на активноста меѓу Организацијата и Бугарската егзархија [2] [3].

Била потенцирана самостојноста на Организацијата и македонското дело [1] , а се потенцирала автономијата како основа за делување и биле осудени сите преговори за поделба на Македонија на сфери на влијани како идни граници за поделба на земјата.

Remove ads

Извори

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads