Сомнеж (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сомнеж (англиски: Doubt) е американски драма – филм на Џон Патрик Шенли од 2008 година. Филмот е адаптација на истоимената драмска претстава. Напишана од Џон Патрик Шенли, а продуцент е Скот Руди. Во глумецската екипа се појавуваат Мерил Стрип, Филип Симор Хофман, Ејми Адамс и Виола Дејвис. Светската премиера на филмот била на 25 декември 2008 година.
Remove ads
Синопсис
Во 1964 година, харизматичниот свештеник отец Брендан Флин (го игра Филип Сејмор Хофман) се обидува да внесе промени во правилата на католичкото училиште, каде што директорка е сестрата Алојзиус Бувие (ја игра Мерил Стрип). Таа верува дека правилниот начин на воспитување е со строгата дисциплина и всадувањето страв кај учениците. Почнуваат политички промени, кои секаде се прифаќаат, а во училиштето е примен првиот црн ученик Доналд Милер (го игра Џозеф Фостер). Но, кога сестрата Џејмс (ја игра Ејми Адамс) наивно ќе ѝ ги каже своите сомнежи на сестра Алојзиус, дека отецот Флин премногу внимание му посветува на Доналд, таа започнува со опасна битка решена да ја открие вистината и да го избрка Флин од училиштето. Без трошка морал и решена по секоја цена да ја истера работата до крај, истовремено и да го уништи отецот Флин, сестра Алојзиус прави сè што може. Но, нејзината лична борба постепено зазема поголеми размери и се заканува да донесе непријатни последици.[1]
Remove ads
Награди и номинации
66 издание на Златен Глобус
- Номинација за најдобра главна глумица во драма: (Мерил Стрип)
- Номинација за најдобар спореден глумец во драма: (Филип Сејмур Хофман)
- Номинација за најдобра споредна глумица во драма: (Ејми Адамс)
- Номинација за најдобра споредна глумица во драма: (Виола Дејвис)
- Номинација за најдобро сценарио за драма: (Џон Патри Шенли)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads