Соцветие

From Wikipedia, the free encyclopedia

Соцветие
Remove ads

Соцветие[1][2] — група цветови на заедничка оска. Биолошкото значење на соцветието е што групирањето на цветовите го олеснува опрашувањето бидејќи инсектите посетуваат повеќе цветови за кратко време кога се групирани и полесно се забележуваат во лисјата. Исто така, соцветијата со многу мали цветови полесно се придвижуваат со воздух, што е важно за растенијата кои се опрашуваат со ветер.

Thumb
Глава на хризантема
Thumb
Реса на Alnus incana

Заедничката оска е вретено на соцветието, кое може да се разгранува:

  • моноподијално или
  • симподијално.

Во зависност од тоа како вретеното се разгранува, се разликуваат два основни вида на соцветија:

  1. рацемозни и
  2. цимозни.
Remove ads

Рацемозни (гроздести) соцветија

Вретеното на овие соцветија се разгранува моноподијално, така што оската долго расте, а од неа се образуваат странични гранки со цветови, па дури на крајот на нејзиниот врв се развива цвет. Најмладиот цвет е секогаш оној на врвот на вретеното.

Видови на рацемозни соцветија се:

  1. китка или грозд, кај кого на долгото вретено се наоѓаат цветовите на дршки со иста должина;
  2. клас, на долгото вретено се наоѓаат седечки цветови;
  3. чешел е, всушност, китка, само цветните дршки се со различна должина, долните, постарите цветови имаат подолги дршки;
  4. штит, од краткото вретено поаѓаат зрачно распоредени дршки со иста должина;
  5. глава, вретеното е проширено, кратко, задебелено и на него има седечки цветови;
  6. кочанот е ист како и класот освен што вретеното е валчесто и задебелено;
  7. реса е клас чие вретено е тенко, витко и виси;
  8. сложен клас, кај кое на вретеното наместо цветови се наоѓаат класови;
  9. сложен штит, од краткото вретено поаѓаат штитовите;
  10. метличката е составена од голем број на китки или класови.
Remove ads

Цимозни (чаталести) соцветија

Вретеното се разгранува симподијално така што многу рано завршува со својот раст со донесување цвет, па под него се развиваат една или повеќе странични гранки. Така цветот од првата оска е најстар.

Во зависност од тоа колку странични оски (една, две или повеќе) се образуваат по првата, се разликуваат три вида на овие соцветија:

  1. монохазиум, меѓу кои најпознати се кривударката и свијокот;
  2. дихазиум и
  3. полихазиум.
Remove ads

Галерија

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads