Социјална мрежа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Социјална мрежа
Remove ads
Remove ads

Социјална мрежа (англиски: social network) — општествена структура составена од поединци (или организации) наречени „јазли“, кои се поврзани со еден или повеќе специфични видови меѓузависности, како што се вредности, визии, идеи, финансиски интереси, пријателство, сродство, заеднички интерес, финансиска размена, несакање, сексуални односи или односи на доверба, знаење или престиж.[1] Добиената структура често може да биде многу сложена. Анализата на социјалните мрежи ги разгледува социјалните односи во поимите „јазли“ и „врски“. Јазлите се поединечни актери во мрежата, а врските се нивните меѓусебни односи. Може да има многу различни врски помеѓу јазлите.

Thumb
Пример за дијаграм на социјална мрежа

Социјалните мрежи може да се основаат и затвораат во зависност од потребите. Тие се основаат со цел да се справат со одреден проблем, најчесто во облик на групи за самопомош, мрежи на НВО и групи за социјален активизам. Тие брзо се развиваат со доаѓањето на новите технологии, особено интернетот. Истражувањето во академската заедница покажа дека социјалните мрежи функционираат на повеќе нивоа, од семејно до ниво на нација, и играат клучна улога во одредувањето како ќе се решат некои проблеми, како ќе функционираат организациите и степенот до кој поединецот ќе успее во постигнување на поединечни цели. Во својот наједноставен облик, социјалната мрежа е карта на сите релевантни врски помеѓу јазлите што се испитуваат. Мрежата може да се користи и за одредување на социјалниот капитал на поединечни актери. Овие концепти често се прикажани како дијаграми на социјалните мрежи каде јазлите се точки, а линиите се врски. Социјалните мрежи не треба да се мешаат со услугите за социјално вмрежување како што се, ,, итн. или со виртуелни заедници.

Социјалните мрежи и нивната анализа е инхерентно интердисциплинарно академско поле кое произлегло од социјалната психологија, социологијата, статистиката и теоријата на графови. Георг Зимел е автор на раните структурни теории во социологијата кои ја нагласуваат динамиката на тријадите и „мрежата на групни припадности“.[2] Јакоб Морено ги развил првите социограми во 1930-тите за проучување на меѓучовечките односи. Овие пристапи биле математички формализирани во 1950-тите, а теориите и методите на социјалните мрежи станале сеприсутни во социјалните и бихејвиоралните науки до 1980-тите.[1][3] Социјалната анализа на мрежите во денешно време е една од главните парадигми на современата социологија, а се применува и во многу други општествени и формални науки. Заедно со другите сложени мрежи, таа е дел од новото поле на мрежната наука.[4][5]

Remove ads

Преглед

Thumb
Графикон на еволуцијата на социјалната мрежа: Барасиев модел.

Социјалната мрежа е теоретски конструкт кој е корисен во општествените науки за проучување на односите помеѓу поединци, групи, организации, па дури и цели општества (социјални единици, види диференцијација). Поимот се користи за да се опише општествената структура одредена од таквите интеракции. Врските преку кои се поврзува која било дадена општествена единица ја претставуваат конвергенцијата на различните општествени контакти со таа единица. Овој теоретски пристап е нужно релациски. Аксиома на пристапот на социјалната мрежа за разбирање на социјалната интеракција е дека општествените појави првенствено треба да се замислат и истражат преку својствата на односите помеѓу и внатре во единиците, наместо преку својствата на самите единици. Така, една од вообичаените критики на теоријата на социјалните мрежи е дека поединечната агенција често се игнорира иако тоа можеби не е случај во пракса (види агентно моделирање). Токму затоа што многу различни видови врски, поединечно или во комбинација, ги образуваат овие мрежни конфигурации, мрежната аналитика е корисна за широк опсег на истражувачки претпријатија. Во општествените науки, овие области на студии вклучуваат, но не се ограничени на, антропологија, биологија, комуникациски студии, економија, географија, компјутерски науки, организациски студии, социјална психологија, социологија и социолингвистика.

Remove ads

Историја

Во доцните 1890-ти, Емил Диркем и Фердинанд Тенис ја навестијле идејата за социјални мрежи во нивните теории и истражувања за социјалните групи. Тенис тврдел дека социјалните групи можат да постојат како лични и непосредни социјални врски кои или ги поврзуваат поединците со заеднички вредности и верувања (германски израз обично преведен како „заедница“) или безлични, формални и инструментални социјални врски (германски израз што обично се преведува како „општество“).[6] Диркем дал неиндивидуалистичко објаснување на општествените факти, тврдејќи дека општествените појави се јавуваат кога интеракциите на поединците ствараат стварност што повеќе не може да се образложи во однос на својствата на поединечните актери.[7] Георг Зимел, пишувајќи на почетокот на дваесеттиот век, ја истакнал природата на мрежите и ефектот на големината на мрежата врз интеракцијата и ја испитувал веројатноста за интеракција во лабаво испреплетени мрежи, наместо во групи.[8]

Remove ads

Анализа на социјалните мрежи

Анализата на социјалните мрежи (поврзана со теоријата на мрежи) станала клучна техника во модерната социологија, антропологија, социолингвистика, географија, социјална психологија, комуникациски студии, компјутерски науки, организациска наука, економија, биологија, а исто така и како популарна тема во други области.[9][10]

Поврзано

Наводи

Loading content...

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads