Социјалистички реализам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Социјалистички реализам
Remove ads

Социјалистички реализам (соцреализам)[1] — правец во уметноста кој датира од 1934 година. Неговите поставки се изнесени на првиот конгрес на сојузот на советските писатели. Во првата деценија од формирањето на Советскиот Сојуз, настануваат редица нови книжевни групации кои на различни начини сакаат да одговорат на општото прашање: „Каква треба да биде книжевноста во земја со социјалистичко уредување?“ Но, по таа деценија се настојува да се искристализира мислењето за книжевноста, и така настанува правецот социјалистички реализам, кој изнесува одреден вид негативни појави во животот и ја покажува стварноста во нејзината полетност. Најкарактеристични претставници на овој правец се: Максим Горки, Николај Островски, Михаил Шолохов, и други.

Thumb
Статуата „Мајка родина повикува!“ (1967) во Волгоград, Русија

Овој правец не треба да се меша со социјалниот реализам (англиски: social realism), кој се појавува во истото време во САД.

Remove ads

За идејата

Главното настојување на социјалистичкиот реализам е синтеза меѓу она што се смета за трајно во реализмот и романтизмот. Овој правец се појавува во извесна смисла како квалитетно надраснување на критичкиот реализам. Максим Горки во својот реферат вели дека доколку постојната реалност овозможува полетен однос, дотолку е потребно да се изнесе понесеноста со поглед кон иднината. Во поставките на Бухарин се вели дека сето она што претставува богатство на психолошкото вреднување на човекот, треба да биде искористено во книжевноста.

Во првата фаза, овој правец претставувал навистина нешто ново. Во втората фаза се појавува таканаречениот ждановизам или „ждановштина“ (наречен по државникот Андреј Жданов), а овој правец е познат и кај нас.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads