Сојуз на композиторите на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сојузот на композиторите на Македонија или скратено СОКОМ претставува највисока организација која ги обединува македонските композитори. Основан е на 19 јануари 1947 година од страна на основоположниците на македонското современо музичко творештво, Петре Богданов - Кочко (претседател), Тодор Скаловски (потпретседател), Славко Костовски (секретар), Васил Ќортошев (касиер), Живко Фирфов (член), Драган Ѓаконовски - Шпато (член), Стефан Гајдов, Трајко Прокопиев и во просториите на тогашното Радио Скопје под името Друштво на музичарите на Македонија. Цел на ова друштво била организирано издигнување на македонската музичка култура. Од 2017 година директор е Јане Коџабашија.[1]

Remove ads
Награди
Ова се наградите кои ги доделува СОКОМ:[2]
- „Трајко Прокопиев“ — награда за животно дело;
- „Панче Пешев“ — наградата за најдобро премиерно изведено дело од македонски автор во претходната година;
- „Георги Божиков — наградата за најдобра изведба на дело од македонски автор во претходната година на ансамбли или музички уметници;
- „Виртуози“ — награда за најуспешни музички и балетски уметници (се доделува од 2012)[3]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads