Специјални ефекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Специјални ефекти се вештачки визуелни или механички ефекти, кои се среќаваат во филмовите или телевизиските шоуа.

Историја
Најраните специјални ефекти биле направени со помош на специјални леќи од камера или со трикови како, на пример, со проектирање на заднина што се движи зад глумците. Поголема флексибилност се појавила со развојот на оптичкиот печатач, со кој се овозможило соединување на посебни делови од филм и замена на дел од сликата, а со ова се овозможило правење на ефекти како што е летање во воздухот. Специјални ефекти, исто така, се правеле механички на сцената со употреба на направи како што се жици, експлозив, кукли и со изработка на минијатурни модели за симулација на епски сцени како што се битките. Сè поголемата употреба на компјутерската анимација и компјутерски генерирани слики довело до создавање на неверојатно изработени и реалистички визуелни ефекти. Иако секое студио порано имало свои сопствени оддели за специјални ефекти, денес ефектите се прават во приватни компании како што е „Industrial Light & Magic“ на Џорџ Лукас, основан за изработка на револуционерните ефекти во „Ѕвездени патеки“ (1977) и подоцнежните филмови.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads