Спирохета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спирохетите (Spirochaetes) се филогенетски одделна група на бактерии кои имаат единствена клеточна морфологија и начин на движење. Спирохетите се многу тенки, флексибилни, спирално-обликувани прокариоти кои се движат со помош на структури наречени осни филаменти или ендофлагелуми (внатрешни камшичиња). Флагеларните филаменти се содржат во еден слој кој се наоѓа помеѓу пептидогликанскиот дел на клеточниот ѕид и надворешната мембрана. Филаментите се истегнуваат или ротираат во нивните слоеви, што предизвикува клетката да се совива, истегнува или ротира за време на движењето. Повеќето спирохети се слободноживеачки (во кал и седименти), или живеат во групации со животни (на пример, во усната празнина на дигестивниот тракт). Неколку се патогени на животните (на пример, предизвикуваат лептоспироза кај кучињата, сифилис кај луѓето и борелиоза кај луѓето и кучињата).
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads