Сплав

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сплав
Remove ads

Сплав или скеле е рамна конструкција која плута и се употребува за воден транспорт. Ова е наједноставниот вид на пловило, кој се одликува со отсуството на труп. Наместо ова сплавовите се одржуваат во вода со помош на пловни материјали како дрво, запечатени буриња или пак напумпани воздушни комори. Традиционалните примитивни сплавови е прават од дрво или трски. Денешните сплавови користат понтони, барабани или пак блокови од стиропор. Сплавовите на надувување користат издржливи повеќеслојни гумирани платна. Зависно од употребата и големината, сплавот може да има и надградба, јарболи или кормила.

Thumb
Традиционален дрвен сплав во Црна Гора
Thumb
Рекреативно сплаварење во Бразил

Стопанското шумарство порано се користело со сплаварење за пренос на трупците со нивно врзување во сплавови и пловејќи (или влечејќи) ги по река. Овој метод на пренос бил доста чест сѐ до средината на XX век, но денес ретко се користи.

Типот на сплав кој се користи за рекреативно сплаварење е всушност чамец на надувување, изработен од еластични материјали, соодветни за пловидба по брзаци.

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads