Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе)
споменик на Лазар Колишевски во Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Споменик на Лазар Колишевски ― споменик во вид на обелиск во Свети Николе во чест на македонскиот комунист Лазар Колишевски кој е родум од Светиниколското село Мездра.
Местоположба
Споменикот се наоѓа во непосредна близина на Плоштадот Илинден кој се наоѓа западно од споменикот.
Историја
За време на изградбата, поради што споменикот бил во чест на Лазар Колишевски, некои жители од населбите Бел Камен и Свети Николе 1 се побуниле.[1][2]
Композиција
Делото е составено од два столба налик на обелисци, различни во висина. На понискиот источен столб стои релјефна плоча со ликот на Лазар Колишевски. Повисокиот западен столб има плоча на која пишува:
Во спомен на сограѓанинот првоборец и прв претседател на Народната влада на Македонија(,) 15 април 1945
Галерија
- Споменикот гледан од исток
- Ликот на Лазар Колишевски
- Плочата на западниот столб
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads