Споменик на природата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Споменик на природата
Remove ads

Споменик на природата — природно или природно-културно обележје од исклучителна или единствена вредност поради неговата реткост, естетски квалитет или културно значење.

Thumb
Знак за споменик на природата во Хајлигенграбе-Глинике, Германија.
Thumb
Камени Кукли — карпести образби кај с. Куклица, Кратовско, заштитени како споменик на природата на Македонија.

Согласно правилата на Светскиот одбор за заштитени подрачја, спомениците на природата се места на заштита од III степен, и опишани како:

Подрачја издвоени со цел да се заштити извесен споменик на природата, кој може да биде земјиштен облик, подводна планина, подводен кланец, геолошка образба како пештера, па дури и место со живи организми како забел од духовно значење. Начелно претставуваат мошне мали заштитени подрачја, и често имаат со голема посетеност.

Спомениците на природата важат подрачја од III степен на заштитеност, по националните паркови (II степен) и подрачјата на дивина (I степен).

Европската агенција за животна средина ги наведува следниве напатствија при изборот на споменици на природата:[1]

  • Подрачјето треба да опфаќа едно или повеќе обележја од исклучително значење. Тоа може да бидат водопади, пештери, кратери, фосилни лежишта, песочни дини и морски обележја, заедно со единствена или претставителна животински и растителна заедница. Кон овие обележја може да принадлежат и елементи од културнонаследно значење пештерски живеалишта, карпести утврдувања, археолошки наоѓалишта, или природни места од оставнинско значење за домородните народи.
  • Подрачјето треба да е доволно големо за да може да го запази обележјето и неговата непосреедна околина.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads