Струмичанка под маска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Струмичанка под маскаmap
Remove ads

Струмичанка под маскаспоменик на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, кој ја претставува карневалската традиција како важен елемент на културниот идентитет на градот и неговите жители.

Кратки факти Струмичанка под маска, Координати ...

Споменикот е поставен на платото од плоштадот, како дел од реконструкцијата на градскиот плоштад, која официјално завршила на 10 декември 2010 година. Автор на споменикот е македонската вајарка Наташа Божарова – Пијанманова.[1], а самиот споменик го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот.[2] Изработен од бронза, споменикот му е посветен на познатиот струмички карневал кој традиционално секоја година се оджува по повод тримерските празнувања и почетокот на големите велигденски пости.

Бронзената фигура, изработена во природна големина, во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица. На четирите страни од мермерното постолје се испишани податоци за надморската височина, географската широина и други корисни информации поврзани со Струмица и регионот.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads