Спонда (месечина)

месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia

Спонда (месечина)
Remove ads

Спонда, исто така позната како Јупитер XXXVIмесечина на Јупитер. Таа била откриена од група на астрономи од Хавајскиот универзитет предводен од Скот Шепард во 2001 година и ѝ било дадено привременото назначување S/2001 J 5.[1][3]

Кратки факти Откривање, Откритие на ...

Пречникот на Спонда е околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24.253.000 км за 771,604 дена, со наклон од 154° до еклиптиката (156° до екваторот на Јупитер), во спротивновртечка насока и со ексцентричност од 0,443.

Таа била именувана во август 2003 година по еден од Хорите (Часови), кој заседавал со седмиот час (либации излеани после ручек).[4] Хорите, богињите на времето во денот но и на годишните времиња, биле ќерките на Зевс (Јупитер) и Темида.

Припаѓа на Пасифаината група, неправилни спротивновртечки месечини што кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 Гм и со склоности од 144,5° до 158,3°.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads