Спортска сала Билјанини Извори
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спортска сала Билјанини Извори — една од најголемите мултифункционални спортски сали во Македонија. Салата била отворена во август 1998 година со ракометниот турнир Трофеј Македонија, а има сместивост од 3,000 гледачи. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008.[2]
Remove ads
Поважни настани одржани во салата
- Трофеј на Македонија во ракомет жени август 1998 година
- Европско првенство во кошарка младинци јули-август 2000 г.
- Квалификациони натпревари на машка и женска репрезентација во кошарка
- Квалификации за ЕП ракомет јуниори
- Балканско полициско првенство
- Куп на Македонија во кошарка 2001
- Куп на Македонија во кошарка 2002
- Балкански младински олимписки денови 2002 година
- Професионални бокс мечеви
- Европско првенство во ракомет за жени 2008
- Куп на Македонија во кошарка 2009
- Куп на Македонија во кошарка 2014
- Куп на Македонија во ракомет 2014
- Кошаркарски меѓународен турнир 2014 (Подготовки за квалификации за Евробаскет 2015)
- Кошаркарски меѓународен турнир 2015 (Подготовки за Евробаскет 2015)
- Суперкуп на Македонија во кошарка 2015
Remove ads
Спортски комплекс “Билјанини извори“
Салата е дел од спортскиот комплекс Билјанини извори во чиј состав се наоѓаат и стадионот Билјанини извори, атлетска патека и помошни игралишта за фудбал. Овој комплекс се користи како тренинг камп на Македонската фудбалска репрезентација. Исто така овој терен го користат и спортски клубови од Македонија и соседните држави за подготовки и тренинзи.[3]
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads