Спортско качување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спортското качување е поделено на два дела и тоа спортско качување по природни карпи и спортско качување по вештачки карпи.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Качувањето по природни карпи се одвива преку курсеви и е достапно за секој оној кој има желба за спортско качување. Целта на спортското качување е да се достигне максималната тежина во качувањето. Поради тоа насоките во карпата си имаат свое име и тежина. Впрочем и спортското качување настанува и се одвојува од алпинизмот, за да може исклучиво да се занимава со качување на карпа и да го достигне тежинскиот максимум.
Со иновирањето на вештачките карпи, чија цел е да се изведува поинтензивен редовен тренинг, како зиме така и лете, доаѓа до организирање на натпреварите во спортско качување. Денес натпреварите се на професинално ниво и веќе со Олимпијадата во Атина 2004 година, спортското качување ќе стане олимписка дисциплина.
Натпреварите во спортско качување на вештачки карпи меѓу себе се делат на три групи. Тоа се:
- Тежински натпревари, каде и постојат квалификации, полуфинале и финале, а целта е кој повисоко ќе се искачи, а притоа тежините на патеките се различни.
- Брзински натпревари, каде што натпреварувачите се натпреваруваат кој побрзо на одредена патека со определена тежина ќе се искачи до врвот, при што се мери времето или, пак - ако дозволува ширината на вештачката карпа - тие паралелно се натпреваруваат.
- Болдер натпреварите се новонастаната дисциплина, која бара исклучително голема психофизичка издржливост. Меѓу другото, натпреварите се одржуваат на 6 патеки на три мали вештачки карпи, поточно една страна на квадрат карпата е една патека.
| Оваа статија од областа на спортот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- )))
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads