Сребрена папрат

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сребрена папрат
Remove ads

Сребрена дрвенеста папрат (науч. Cyathea dealbata) или понга (од маорски: ponga) — вид на дрвенеста папрат со средна големина ендемски на Нов Зеланд. Изразот понга се употребува како генерички израз за трупците од сребрена папрат кои се користат за уредување на земмјиште. На маорски ponga се однесува на дрвенестите папрати, особено од родот Кјатеа. На новозеландски англиски понга често се изговара како пунга.

Кратки факти Сребрена дрвенеста папрат, Заштитен статус ...

Оваа папрат расте до височина од 10 м и повеќе. Крошната му е густа, а листовите долги околу 4 м и имаат сребреникаво-бела боја на опачината. Оваа карактеристична боја се користи за обележување на патеки ноќе. Крлушките му се темнокафени, често извртеии и светкави.

Вирее на главните новозеландски острови источно до Четемските Острови, обично во потканапни делови на посуви шуми и во грмушки на отворено. Добро вирее и во добро оцеден хумус, и откога ќе фати корен, трпи и суша. Не сака ветер и мраз. Оваа папрат не расте под густите канабиња на стари шуми.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads