Средишница. Комбинација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средишница. Комбинација е шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1963 и претставува продолжение на делото Средишница. План. Во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии кои содржат поучни комбинации и техники на игра од среидшницата. Во ова дело, вниманието е обрнето на комбинацијата, нејзината улога во текот на играта и нејзиното спроведување. Книгата е напишана на руски јазик.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Содржина
Како што гласи и насловот на делото, така и неговата содржина се темели врз улогата на комбинацијата во патот кон победата и значењето на средишницата во одредувањето на карактерот на завршницата. Врз основа на ова, авторот преку анализа и коментар на поучни партии и извадоци успеал на читателот да му ја долови основната тема во 13 глави:
- Глава I - Што е тоа комбинација?
- Глава II - Комбинациони елементи - мотив и тема
- Глава III - Естетика на комбинациите. Општи можности
- Глава IV - Идеја и техника во комбинациите. „Задушен крал“
- Глава V - Повеќе за естетиката. Псевдожртва. Жртва на дама
- Глава VI - За теоријата на комбинацијата. Типични идеи
- Глава VII - Понова историја на комбинациите. Бесмртната партија. Ремек-дела на крајот од 19, век
- Глава VIII - Двоен удар. Пешачки теми
- Глава IX - Положбена слабост - комбинационен мотив. Комбинации, искористување на слабостите во позицијата на рокада. Жртва на ловец за пешак на g3, h3, g6 и h6.
- Глава X - Комбинационен напад на два ловца. Хармонија на топот по втората и седмата хоризонтала. Жртва на топ на g7.
- Глава XI - Хармонија на топ и ловец. Заробување на фигурите
- Глава XII - Сведување на завршница во различни комбинациони идеи
- Глава XIII - За размислувањата на шахистите за време на шаховската партија
Remove ads
Стил на пишување
Содржината на делото „Средишница. Комбинација“ односно секоја глава пооделно е исполнета со писмена анализа и коментар на високо ниво, а промените во партијата или извадокот којшто е предмет на анализа се претставени на соодветни дијаграми по неколку одиграни потези.
Поврзано
Надворешни врски
- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 6 декември 2008 г.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

