Средновековна кула (Манастирец)
кула во селото Манастирец, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средновековна кула ― кула од камен која што се наоѓа во источниот дел на кавадаречкото село Манастирец, Општина Росоман. Кулата е заведена како Културно наследство на Македонија.[1]
Местоположба
Таа се наоѓа во источниот дел на селото, во некогашниот беговски чифлиг.
Историја и намена
Времето кога била подигната не е познато, но од нејзината конструкција се гледа дека служела за одбрана. Кулата била градена од камен и малтер. Во 1970-тите, таа била висока 20 метри и била со куполест покрив.[2]
Согласно 2022 година, кулата е без покрив и е висока 7-8 м.[3]
Галерија
- Кулата гледана од исток
- Кулата гледана од југоисток
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads