Среќа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Среќа
Remove ads

Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои го прават човекот среќен се мали и безначајни, а работите кои го растажуваат се големи. Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се остварени, но не е среќен ако неговите желби се остварени, а не се остварени желбите на некои луѓе (особено, на блиските).

Thumb
Смешко, симбол на среќа.
Remove ads

Филозофија на среќата

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, најголемата можна среќа за човекот на овој свет е да живее спокојно поради својата состојба полна со смирена и сигурна надеж за некоја многу подобра иднина. Притоа, тој не треба да се вознемирува со желбата што побрзо да ја ужива замислената најубава иднина.[1]

Во својата книга „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ја вклучил и расправата со наслов „За среќата“. Во неа, тој вели дека сфаќањето на човекот за среќата е релативно, во зависност од возраста, културата или општествениот слој.[2]

Remove ads

Мерење на среќата

Постојат бројни обиди за мерење на среќата и факторите од кои зависи таа. Според истражувањето на Школото „Вудро Вилсон“ (Woodrow Wilson School) во рамките на Универзитетот „Принстон“ (Princeton University), нивото на среќата зависи од заработувачката на луѓето, но среќата се зголемува само додека се достигне заработувачка од 75.000 долари, годишно. Потоа, независно од порастот на доходот, чувството на среќа стагнира. Понатаму, истражувањето покажало дека постојат два вида среќа: таа што се менува секојдневно, под влијание на стресот или емоциите поврзани со дневните случки, а втората е подлабоката форма насреќа, која се однесува на задоволството од одвивањето на животот, воопшто. Оттука, луѓето кои заработуваат повеќе од 75.000 долари годишно чувствуваат дека нивниот живот се подобрува, но тоа не им ја зголемува секојдневната среќа. Од друга страна, луѓето кои заработуваат помалку од 75.000 долари не се потажни, туку повеќе се изложени на непријатни ситуации во врска со решавањето на секојдневните проблеми.[3]

Remove ads

Среќата како тема во уметноста и во популарната култура

Thumb
Ludovico Antonio Muratori, 1749

Често, среќата се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура.

Среќата како тема во книжевноста

Среќата како тема во музиката

  • „Билет за среќа“ (хрватски: Karta za sreću) - песна на хрватската рок-група Азра од 1981 година.[19]
  • „Секој е среќен денес“ (англиски: Everybody's happy nowadays) - песна на британската панк-рок група Базкокс (Buzzcocks) од 1979 година.[20]
  • „Среќата е жежок пиштол“ (англиски: Happiness is a Warm Gun) - песна на англиската поп-рок група Битлси од 1968 година.[21]
  • „Насилнички среќна“ (англиски: Violently Happy) - песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.[22]
  • „Среќа“ (англиски: Happiness) - песна на британската реге група Black Uhuru.[23]
  • „Среќа“ (англиски: Happiness) — песна на американската рок-група Grant Lee Buffalo од 1994 година.[24]
  • „Ах, каква среќа“ (српски: Ah kakva sreća) — песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1989 година.[25]
  • „Среќен“ (англиски: Happy) - песна на американскиот поп-пејач Фарел Вилијамс.[26]
  • „Се надевам дека сега си среќна“ (англиски: I Hope You're Happy Now) - песна на англискиот рок-музичар Елвис Костело од 1986 година.[27]
  • „Биди среќен!!“ (англиски: Get Happy!!) — музички албум на Елвис Костело (Elvis Costello) од 1980 година.[28]
  • „Среќа“ — песна на хрватската поп-пејачка Јосипа Лисац од 1973 година.[29]
  • „Кога знаеш зошто си среќен“ (англиски: When You Know Why You're Happy) - песна на канадската музичарка Мери Маргарет О'Хара (Mary Margaret O'Hara) од 1988 година.[30]
  • „Под маската на среќата“ (англиски: Under The Mask Of Happiness) - песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1988 година.[31]
  • „Среќна и крварам“ (англиски: Happy And Bleeding) - песна на британската рок-музичарка П Ј Харви (P J Harvey) од 1992 година.[32]
  • „(Дали си) Среќен?“ (англиски: (Are You) Happy?) - песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[33]
  • „Среќен“ (англиски: Happy) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1972 година.[34]
  • „Надеж за среќа“ (англиски: Hope For Happiness) — песна на англиската рок-џез група Софт машин (Soft Machine) од 1968 година.[35]
  • „Двојно среќен“ (англиски: Double Happy) - песна на новозеландската рок-група Сплит енз (Split enz) од 1980 година.[36]
  • „Среќата е лесна“ (англиски: Happiness is Easy) — песна на англиската поп-рок група Ток Ток (Talk Talk) од 1986 година.[37]
  • „Среќни заедно“ (англиски: Happy Together) - песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1982 година.[38]
  • „Среќен човек“ (англиски: Happy Man) - песна на американската поп-група Шик (Chic) од 1978 година.[39]

Среќата како тема во филмот

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads