Стампедо во Пном Пен (2010)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стампедото во Пном Пен се случило на 22 ноември 2010 година за време на одбележувањето на празникот на водата, при кое загинале најмалку 349 луѓе а над 400 биле повредени во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

Кратки факти Дата, Време ...

Како што било соопштено од агенцијата АП, во несреќата која се случила на мостот кој го поврзува Пном Пен и малиот остров Дајмонд Ајланд, каде се одржувале свеченостите, неколку стотици луѓе се повредени. Повеќе од милион луѓе биле излезени на улиците во престолнината на Камбоџа на тридневната свеченост, чија главна атракција била традиционалната трка со бродови на реката Тонтле Сап.[1][2][3]. Стампедото се случило во последниот ден на свеченоста, по последната трка, кога настанал метеж на мостот на кој во еден момент кога се нашле голем број луѓе. [4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads