Стандарден мандарински јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стандарден мандарински јазик
Remove ads

Стандардниот мандарински (локално познат под разни изворни називи) е службен кинески јазик во денешна НР Кина и Тајван, и еден од четирите слуижбени јазици на Сингапур.

Кратки факти Стандарден мандарински, Застапен во ...
Thumb
Карта на источна Кина и Тајван, историската распределеност на мандаринскиот со светлокафено. Стандардниот мандарински се темели на пекиншкиот дијалект на мандаринскиот јазик.

Фонологијата на стандардниот мандаринскиот јазик се заснова на пекиншкиот дијалект на мандаринскиот јазик, голема и разнолика група од кинески дијалекти што се говорат ширум северна, средна и југозападна Кина. Лексиконот е составен главно од оваа група дијалекти. Граматиката е стандардизирана во согласност со современите книжевни дела напишани на книжевен кинески јазик, кој во практика ги следи истите норми како мандаринските дијалекти, со извесни значајни исклучоци. Како резултат на ова, во секојдневната неакадемска употреба, самиот стандарден мандарински се нарекува само „мандарински“. Меѓутоа, јазичарите користат „мандарински“ за целата јазична група.

Remove ads

Изворни називи

Официјално, стандардниот мандарински се нарекува:

Во останатите делови од светот трите називи се употребуваат наизменично во различен степен, со тоа што најчест е Путунгхуа. Понекогаш се нарекува и современ стандарден кинески 現代標準漢語 / 现代标准汉语.

Remove ads

Фонологија

Инвентарот на фонеми на стандардниот мандарински јазик се состои од околу 24 согласки, од кои само /n/, /ŋ/, и под извесни околности /ɻ/ се јавуваат во слоговниотзавршеток (кодата); околу 6 самогласки, дифтонзи и трифтонзи; и четири тонови.

Стандардниот мандарински и пекиншкиот дијалект

Иако се заснова на пекиншкиот дијалект, поради развојот во стандардизацијата, стандардниот мандарински повеќе не е истоветен со него. Делумна причина за ова е начинот на стандардизација - со време стандардниот говор е адаптиран да покрива поголема лексичка шема и поархаичен изговор и лексикон. Подрачјето околу Пекинг, особено градовите Ченгде и Шеџаџуанг во соседната покраина Хебеј говорат облик на мандарински кој е најблизок до наполно стандардизираниот вид. Ова е обликот што се говори на телевизија и на радио.

Според официјалното толкување во НР Кина, стандардниот мандарински ја употребува:

  • Фонологијата или гласовниот систем на Пекинг. Постои разлика помеѓу гласовниот систем на еден дијалект или јазик и фактичкиот изговор на зборовите во тие рамки. Не сите одбрани зборови во стандардниот мандарински како стандарден говор, звучат исто како во пекиншкиот дијалект. Нивниот изговор е избран при стандардизација, а постојат и некои разлики во стандардизацијата (не акцентот), на пр. помеѓу Путунгхуа Гуоји.
  • При течен разговор, лесно е да се воочи разликата помеѓу пекиншкиот говор и стандарднио мадарински. Во Пекинг се зборува стандарден мандарински со елементи од локалниот дијалект, исто како во другите региони.
  • Лексиконот на мандаринските дијалекти воопшто. Ова значи дека се исклучени сите сленгови и други регионални зборови. Од една страна, лексиконите на сите кинески дијалекти, особено техничките како научниот, правиот и управниот се мошне слични. (Како што европските јазици изобилуваат со латински и грчки поими) Ова значи дека голем дел од лексиконот на стандардниот мандарински е заеднички за сите дијалекти. Од друга страна пак, голем дел од колоквијалниот лексикон и сленгот во пекиншкиот дијалект не го наоѓаме во стандардниот мандарински, и не е разбирлив за луѓето што не се од Пекинг.
  • Граматиката и примената од современата кинеска книжевност, како делата на Лу Син, збирно наречени книжевен кинески јазик („бајхуа“). Книжевниот кинески, кој претставува стандарден пишан облик на современиот кинески јазик, и послободно се темели на северната (претежно), јужната и класичната граматика и примена. Со ова, формалната структура на стандардниот мандарински е малку поразлична од уличниот пекиншки говор.

Теоретски, Кина и Тајван го утврдуваат стандардиот мандарински на свој начин, но во пракса разликите се ситни, и главно се состојат од тонови и мал број на зборови.

Говорниците на стадардниот мандарински без проблем го разбираат пекиншкиот дијалект бидејќи се заснова на тој говор. Во Пекинг се додава наставката „ар“ (/ɻ/), како наставка за деминутив и користат понеутрални тонови во говорот. На пример: стандардното мен (врата) во Пекинг е менр. СО ова пекиншкиот дијалект е покарактеристичен од стандардниот мандарински во другите региони. Овој дијалект е познат и по богатството од колоквијализми и идиоми.

Иако постои јасна разлика помеѓу стандардниот мандарински и пекиншкиот дијалект, извесни аспекти од овој дијалект со време влегле во стадардниот говор. Во стандардниот мандарински има персирање, што доаѓа од пекиншкиот дијалект, но во секојдневниот говор неговата употреба е значително намалена. Покрај ова, стандардниот говор разликува „цанмен“ (ние, вклучувајќи го слушателот) и „уомен“ (ние без слушателот). Во практика, вон Пекинг не се прави оваа разлика.

Еве некои пекиншки изрази кои сè уште не се прифатени во стандардниот мандарински:

  • 倍儿: bèir = „многу“; 拌蒜: bàn suàn = „стаписа“; 不吝: bù lìn = „не бери гале“; 撮: cuō = „јаде“; 出溜: chū liū = „се лизнува“; (大)老爷儿们儿: dà lǎo yer menr = „маж“, „машко“;

Ова се изрази од пекиншкиот дијалект кои веќе се прифатени во стандардниот говор:

  • 二把刀: èr bǎ dāo = „не баш вешт“; 哥们儿: gē ménr = „добар другар“, „побратим“; 抠门儿: kōu ménr = „скржав“, „стиснат“.
Remove ads

Чести изрази

Повеќе информации Македонски, Кинески (традиционално) ...

Remove ads

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads