Стара Црква (Големо Мраморани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското историско село Големо Мраморани. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа непосредно до урнатините на селото, која според темелите, не била многу голема градба и претставувала еднокорабна црковна градба со средни димензии, но во неа биле вградени како сполии и елементи од постара градба, сосема веројатно, ранохристијанска црква, на која укажува еден мермерен споменик, капител со изработен крст, како и други мермерни и камени блокови, тегули (покривни ѓерамиди) од античкиот период и слични показатели и остатоци од постара градба. Речиси во самите гробишта, на мало растојание од црквата се среќава и еден голем винарник – објект за гмечење грозје и правење вино, а уште еден таков објект, но со помали димензии, се наоѓа на периферијата на гробиштата, поточно на околу 50 м источно од карпата „менхир“. Овие камени објекти, како објекти биле користени во производството на вино уште од антиката, а можеби и во подлабоката историја. На просторот на кој биле сместени црквата и гробиштата се среќаваат и други културни траги, како обработени форми по карпите, така и фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал.[1]
Remove ads
Поврзано
- Гробишта — осамени наоди од римско време;
- Манастир — црква од средниот век;
- Големо Мраморани — населба од бронзено време;
- Големо Мраморани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads