Стара Црква (Довезенце)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во кумановското село Довезенце. Претставува праисториска населба, доцноантичко утврдување и средновековна црква со некропола. Се наоѓа на 17 км источно од Куманово, на високата тераса над левиот брег на Крива Река, издолжена во правец запад-исток. Пристапна е од јужната страна преку седлото што ја поврзува со нејзиниот матичен рид Јеленец. Приближно на средината, на највискоте позиции на теренот има урнатини од еднокорабна црква со мали димензии, позната под името Св. Ѓорѓи. Околу неа на места се распознаваат масивни плочи и вертикално поставени камени блокови, што упатува на присуство на некропола. Северно од црквата, под работ на висорамнинката се гледаат остатоци од одбранбен ѕид, ѕидан од камен и варов малтер, во доцноримска техника. На површината има сосема мал број археолошки остатоци, и тоа главно фрагменти од градежна керамика. Од наоѓалиштето потекнуваат три латински натиписи од кој еден посветен на тракиското божество Збелтиурд, а најдени се и фрагменти од праисториски керамички садови.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads