Стара училишна зграда (Подвис)
споменик на културата во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара училишна зграда — зграда на првото основно училиште во кое се изведувала настава на современ македонски јазик, во селото Подвис, Македонија. Зградата е прогласена за споменик на културата на Македонија.
Зградата е сместено во старото село Подвис, над последните зачувани куќи во селото и главната селска црква „Св. Атанасиј“.[1]
Remove ads
Местоположба
Старото училиште во селото Подвис, во кое во 1943 година започнала наставата на современ македонски јазик, се наоѓа над последните зачувани куќи во селото Подвис. До старото село води единствено земјен пат, а до самата зграда на училиштето постои само козја патека и никаде не јасно посочено каде се наоѓа училиштето.[1]
Историја
Училиштето започнало да работи на 23 септември 1943 година, само шест дена по ослободувањето на Кичево. Првиот час бил одржан од страна на учителот Василко Лазарески.[2]
Денешна состојба
Зградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е останата во трње и грмушки, а дотаму може да се стигне единствено со теренско возило.[1]
Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле истата и ја преместиле во новиот дел на селото Подвис, во неговиот низински дел.[1]
Иако имало најави за обнова на зградата од страна на Министерството за култура во текот на 2014 година,[2] тоа не се извршило.
Галерија
- Внатрешноста на зградата
- Бочна страна на училиштето
- Внатрешноста на зградата
- Плоча која стоела на училиштето
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

