Стареење

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стареење
Remove ads

Стареење ― кога човекот влегува во неговите подоцнежни години. Поимот главно се однесува на луѓето, многу други животни и габи, додека на пример, бактериите, повеќегодишните растенија и некои едноставни животни се можно биолошки бесмртни.[1] Во поширока смисла, стареењето може да се однесува на единечни клетки во еден организам што престанале да се делат, или на населението на еден вид.[2]

Thumb
Баба и нејзиното внуче.

Кај луѓето, стареењето претставува насобирање на промени во човекот со текот на времето и може да опфати физички, психолошки и општествени промени.[3][4] Времето на дејство, на пример, може да се забави со возраста, додека сеќавањата и општото знаење обично се зголемуваат. Стареењето го зголемува ризикот од човечки болести како што се рак, Алцхајмерова болест, шеќерна болест, срцеви болести, мозочен удар и многу повеќе.[5][6] Од околу 150.000 луѓе што умираат секој ден ширум светот, околу две третини умираат од причини поврзани со возраста.

Тековните теории за стареење се припишуваат на замислата на оштетување, при што насобирањето на штета (како што е оксидацијата на ДНК) може да предизвика откажување на биолошките системи, или на замислата на програмираното стареење, при што внатрешните процеси (епигенетско одржување, како што е метилацијата на ДНК)[7][8] инхерентно може да предизвика стареење. Програмираното стареење не треба да се меша со програмираната клеточна смрт (апоптоза).

Дебелината е предложена за забрзување на стареењето,[9][10] додека ограничувањето на калориите во исхраната кај животните кои не се примати го забавува стареењето додека одржува добро здравје и функции на телото. Кај приматите (вклучувајќи ги и луѓето), таквите дејства што го продолжуваат животот остануваат неизвесни.

Remove ads

Знаци

Thumb
Зголемените уши и носови на старите луѓе понекогаш се причина од постојаниот раст на 'рскавицата, но најверојатно е предизвикано од гравитацијата.[11]
Thumb
Возрасната динамика на телесната маса (1, 2) и масата нормализирана на висина (3, 4) на мажи (1, 3) и жени (2, 4)[12]
Thumb
Споредба на нормален стар мозок (лево) и мозок погоден од Алцхајмерова болест

Голем број карактеристични симптоми на стареење се доживуваат кај мнозинството или кај значителен дел од луѓето во текот на нивниот живот.

  • Тинејџерите ја губат способноста да слушаат звуци со висока честота над 20 kHz.[13]
  • Брчките се развиваат главно поради фотостареењето, особено на местата изложени на сонце (лицето).[14]
  • По достигнувањето на врвот од доцните тинејџерски години до доцните 20-ти, женската плодност опаѓа.[15]
  • По 30-тата година, масата на човечкото тело се намалува до 70 години, а потоа покажува амортизирачки осцилации.[12]
  • Луѓето над 35 години се изложени на зголемен ризик за губење на силата во цилијарниот мускул на очите што доведува до тешкотии со сосредоточување на блиски предмети или презбиопија.[16][17] Повеќето луѓе доживуваат презбиопија на возраст од 45 до 50 години.[18] Причината е стврднувањето на леќите со намалување на нивото на алфа-кристалин, постапка што може да биде забрзана со повисоки температури.[18][19]
  • Околу 50 години, косата станува седа.[20] Моделот на губење на косата до 50-годишна возраст влијае на околу 30-50 % од мажите[21] и четвртина од жените.[22]
  • Менопаузата обично се јавува помеѓу 44 и 58 години.[23]
  • Во групата на возраст од 60 до 64 години, инциденцата на остеоартритис се зголемува на 53 %. Сепак, само 20 % пријавуваат остеоартритис на оваа возраст.[24]
  • Речиси половина од луѓето постари од 75 години имаат губење на слухот (пресбикуза) што го попречува говорното општење.[25] Многу ’рбетници, како што се рибите, птиците и водоземците, не развиваат пресбикуза во староста бидејќи се способни да ги обноват своите кохлеарни сетилни клетки, додека цицачите, вклучително и луѓето, генетски ја изгубиле оваа способност.[26]
  • До 80-годишна возраст, голем дел од луѓето имаат перде или имале операција на перде.[27]
Remove ads

Општество и култура

Thumb
Старец.

Различни култури ја изразуваат возраста на различни начини. Возраста на еден човек најчесто се пресметува во цели години од денот на раѓањето (најзабележителниот исклучок источноазиското пресметување на возраста станува се поретко, особено во службени контексти). Произволните поделби поставени за означување на периоди од животот може да вклучуваат малолетнички (од раѓање до детство, предадолесценција и адолесценција), младост, зрелост и старост.

Повеќето правни системи дефинираат одредена возраст за кога на поединецот му е дозволено или обврзано да врши одредени активности. Овие старосни спецификации вклучуваат возраст за гласање, возраст за пиење, возраст за согласност, возраст за полнолетство, возраст за кривична одговорност, возраст за брак, возраст за кандидатура и возраст за задолжителна пензија. Пример цената за автобус може да биде намалена за млади или стари. Секоја нација, влада и невладина организација имаат различни начини на класификација на возраста. Со други зборови, хронолошкото стареење може да се разликува од „општественото стареење“ (културни старосни очекувања за тоа како луѓето треба да постапуваат додека растат) и „биолошко стареење“ (физичката состојба на организмот како што старее).[28]

Економија

Thumb
Карта што ги прикажува бројките на средната возраст за 2017 година.

Стареењето на населението е зголемување на бројот и процентот на постари луѓе во општеството. Стареењето на населението има три можни причини: преселба, подолг животен век (намалена стапка на смртност) и намален наталитет. Стареењето има значително влијание врз општеството. Младите луѓе имаат тежнеење да имаат помалку правни привилегии (ако се малолетни), тие се со поголема веројатност да се залагаат за политички и општествени промени, да развиваат и усвојуваат нови технологии и да им треба образование. Постарите луѓе имаат различни барања од општеството и владата, а често имаат и различни вредности, како што се имотните и пензиските права.[29]

Самовоспримање

Стандардите за убавина се развиле со текот на времето, а како што се зголемиле научните истражувања во козметиката, индустријата исто така се проширила; видовите производи што ги произведуваат (како што се серуми и креми) постепено се здобиле со популарност и станале дел од навиките за лична нега на многу луѓе.[30] Козметичката индустрија во мигов е најбрзо растечката индустрија за убавина, со пазарна големина од 49,5 милијарди долари за 2018 година.[31]

Културолошки споменувања

Старогрчкиот драматург Еврипид (V век п.н.е.) го опишал повеќеглавото митолошко чудовиште Хидра како со регенеративен капацитет што ја прави бесмртна, што е историска позадина на името на биолошкиот род Хидра. Книгата на Јов (околу VI век п.н.е.) го опишала човечкиот животен век како инхерентно ограничен и направила споредба со вродената бесмртност што може да ја има исеченото дрво кога се подложува на вегетативна обнова.[32]

Remove ads

Поврзано

 

  • Стареење на мозокот
  • Контрола на движењето при стареењето
  • Стареењето во Европа
  • Студии на стареењето
  • Движење против стареењето
  • Биодемографија на долговечноста на човекот
  • Биогеронтологија
  • Биолошка бесмртонст
  • Биомаркери на стареење
  • Клиничка геропсихологија
  • Смрт
  • Теорија на оштетување на ДНК за стареење
  • Епигенетски часовник
  • Еволуција на стареењето
  • Генетика на стареењето
  • Геротехнологија
  • Геронтологија
  • Гераскофобија
  • Список на теми поврзани со продолжување на животот
  • Долговечноста
  • Митохондријална теорија на стареење
  • Невронаука за стареење
  • Старост
  • Честички
  • Загадувач
  • Стареење на населението
  • Прогерија
  • Подмладување
  • Теорија на стареење на матични клетки
  • Суперстогодишник
  • Терморегулација кај луѓето
  • Прекугенерациски дизајн

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads