Грчка азбука

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Грчката азбука (грчки: Ελληνικό αλφάβητο Ellenikó alphabeto) е збир од дваесет и четири букви кои се користат за пишување на грчкиот јазик уште од деветтиот век пред нашата ера. Таа е првата азбука која во тесна смисла, како систем за пишување, користи посебен симбол за секоја согласка и самогласка.[1] Таа е најстарото азбучно писмо во континуирана употреба и до денес. Буквите исто така се користат и за прикажување на грчки цифри, почнувајќи од 2 век пр.н.е.

„Грчка азбука“ на модерниот грчки јазик.
Кратки факти Грчка азбука, Застарени букви ...
Кратки факти

Грчката азбука е потомок на феникиската азбука и е основа за многу други азбуки во Европа и во Блискиот Исток, вклучувајќи ја и латиницата.[1] Во додаток на тоа што се користи за пишување на грчкиот јазик, нејзините букви се користат и како симболи во математиката и науката, за имињата на честички, имиња на ѕвезди, во имињата на клубови на братства и сестринства, во именувањето на тропски циклони и за други намени.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads