Старо Жабени
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Старо Жабени познато и како Селиште или Гробиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Жабени. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на околу 800 м североисточно од селото, каде сè уште има остатоци од голема македонска населба со околу 300 домаќинства која опстојувала до средината на 19 век. Населбата се наоѓала на самиот пат кој водел од Битола до Солун, но за време на грчкото востание селото било испустено од нападите на качачките банди кои јуришале кон Тесалија. Во населбата видливи се остатоци од црквата „Св. Архангел Михаил“ и возобновената црква „Св. Атанасиј“. Интересно е за оваа населба тоа што жителите на соседното село Породин негуваат легенда дека тука е роден Крале Марко, кој подоцна се преселил во Прилеп.[1]
Remove ads
Поврзано
- Старо Село — неолитска населба[2];
- Жабени;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads