Статистика Нов Зеланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Статистика Нов Зеланд (анг. Statistics New Zealand, маор. Te Tari Tatau) е државен завод во Нов Зеланд задолжен за официјалната статистика во земјата, овластен со закон од 1975 г. Сѐ до 1994 г., заводот се водел под името Department of Statistics. Министерот за статистика на Нов Зеланд е Морис Вилијамсон.
Remove ads
Должности
Покрај општата управна улога, заводот извршува голем број на статистички програми меѓу кои и петтогодишен попис. Голем дел од добиената статистика е достапна бесплатно на нивното мрежно место. Покрај ова, заводот воспоставува статистички класификации и стандарди за Нов Зеланд, и врши постојани истражувања за и развој на релевантни статистички методи. Заводот исто така пружа техничка помош на земјите во развој од Тихоокеанскиот Обрач, со особена задршка Тихоокеанските островски земји. Статистика Нов Зеланд е задолжена за водство на развојот и промовирањето на сите владини статистики кои го сочинуваат официјалниот статистички систем на Нов Зеланд.
Remove ads
Владини статистичари
Генералниот директор на Статистика Нов Зеланд се нарекува „Владин статистичар“ (Government Statistician).
- 1980– 1984: Џон Дарвин
- 1984– 1992: Стив Кузмициќ
- 1992– 1999: Лен Кук
- 1999– 2007: Брајан Пинк
- 2007– : Џеф Басканд[1]
Авторски права
Мрежното место на Статистика Нов Зеланд изјавува дека: „Податоците добиени од Статистика Нов Зеланд можат слободно да се користат, умножуваат и наведуваат, освен ако не е назначено поинаку. Во секој случај, Статистика Нов Зеланд мора да биде наведена како извор на податоците“.[2]
Надворешни врски
- Статистика Нов Зеланд Архивирано на 26 февруари 2011 г. (англиски)
- Статисфера Архивирано на 9 август 2009 г. - Портал кон официјалните новозеландски статистики (англиски)
- Кратка илустрирана историја на Статистика Нов Зеланд (англиски)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads