Статуетка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Статуетка
Remove ads

Статуетка — мала скулптура направена од дрво, коска, глина, камен, метал и други материјали, која прикажува антропоморфни слики, животински фигури, неживи и апстрактни предмети. Се однесува на вајарство на мали облици, односно не повеќе од 80 см во висина и не повеќе од 1 м во должина. Статуетките можат да имаат многу намени — од култни до утилитарни. Во денешно време, статуетките се широко користени како сувенири, украси на соби, детски играчки и награди за победниците.[1][2]

Thumb
Кинеска статуетка

Статуетките се појавуваат во првобитното општество, на пример, Вилендорфска Венера, направена приближно 22–24 илјади години пр. н. е., или статуетки на тотемски животни. Во древните цивилизации, статуетките често прикажувале божества и служеле за култни цели. Во Стариот Египет, посебните статуетки ушабти се користеле во погребните ритуали.

Remove ads

Галерија

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads