Стева Илиева

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стева Гоцева Илиева ( 1927 во Ваташа — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Делувала во селото од мај 1942 година како член на СКОЈ. Била член на групата на стреланите ваташки младинци. И таа била одведена на стрелиштето, но била ослободена и продолжила активно со својата дејност во заднината на НОД.[1] Според нејзиното сведоштво, младинците биле собирани од нивните домови и постоел список со нивните имиња и презимиња. Во кафеаната биле испрашувани и тепани, а потоа биле терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на 1 мај во месноста Моклиште и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит биле ослободени еден младинец и една девојка. Останатите 12 младинци и 4 девојки остануваат со обвинение за врска со партизаните и претстојно бегство во планината. Откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, полиција и војска ги одвеле пешки во колона кон Моклиште.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads