Стенфордски универзитет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Универзитет „Лиланд Стенфорд“,[9][10] попознат како Универзитет Стенфорд, е приватен истражувачки универзитет во Стенфорд, Калифорнија, САД. Бил основан во 1885 година од железничкиот магнат Лиланд Стенфорд (осмиот гувернер на Калифорнија и тогашен сенатор на Калифорнија) и неговата сопруга, Џејн, во спомен на нивното единствено дете, Лиланд Помладиот.
Универзитетот ги примил своите први студенти во 1891 година. Се соочил со финансиски тешкотии откако Лиланд починал во 1893 година и повторно откако кампусот бил оштетен од земјотресот во Сан Франциско во 1906 година.[11] По Втората светска војна, универзитетскиот проректор Фредерик Терман инспирирал претприемачка култура за изградба на самостојна локална индустрија (подоцна Силициумска долина).[12] Во 1951 година, во Пало Алто бил основан Истражувачкиот парк Стенфорд како прв универзитетски истражувачки парк во светот.[13] До 2021 година, универзитетот имал 2.288 постојано вработени, виши соработници, централни соработници и медицински професори во тимот.[14]
Универзитетот е организиран околу седум студиски факултети на кампус 3,310 хектари, еден од најголемите во САД. Во него се наоѓа институцијата Хувер, тинк-тенк за јавни политики, класифицирана како „R1: Докторски универзитети – Многу висока истражувачка активност“.[15] Студентите се натпреваруваат во 36 универзитетски спортови, а универзитетот е една од осумте приватни институции во Конференцијата на Атлантскиот брег (ACC). Студентите и поранешните студенти имаат освоено 302 олимписки медали (вклучувајќи 153 златни).[16]
Универзитетот е поврзан со 94 милијардери, [17] 58 добитници на Нобелова награда,[14] 33 стипендисти на „МакАртур“,[14] 29 добитници на Тјурингoвата награда, како и 7 добитници Волфова награда, 2 судии на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави и 4 добитници на Пулицерова награда.[14] Дополнително, меѓу неговите поранешни студенти се многу стипендисти на Фулбрајт, Маршал, Гејтс Кембриџ, како и на Роудс и членови на Конгресот на Соединетите Американски Држави.[18]
Remove ads
Поврзано
- Список на универзитети во САД
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads