Стигма

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стигма
Remove ads

Стигмата е феномен што се појавува многу ретко кај луѓе и карактеристично за неа е тоа што се појавуваат рани или стигми како тие што ги имал Исус Христос сѐ до неговото распнување. Стигмите се траги, рани или болни сензации што се појавуваат на места на телото каде биле нанесени рани на Исус Христос при неговото мачење сè до неговото распнување. Такви рани се пет на број како на пример стигма на рака, нога, стомак и глава. Терминот води потекло латинскиот назив за знаци- stigma. Терминот за првпат се спомнува од Свети Павле каде тој вели: „Ги носам на своето тело Исусовите знаци“. Личноста што ги носи овие стигмати се нарекува стигматичар. Раните се појавуваат сами по себе, без соодветна надворешна повреда.

Thumb
Карло Кривели, Симнување на Исус: Магдалена ја гледа стигмата на левата рака

Причините за појавување на стигмите се тема на голема полемика. Некои тврдат дека стигмите се чудотворни, а наспротива се луѓе што тврдат дека зад тој феномен стои медицинско образложение. Најчесто стигматичарите се од католичка вероисповед.

Remove ads

Стигмата како тема во уметноста и во популарната култура

  • Стигмата“ (Stigmata) - американски филм од 1999 година, во режија на Руперт Вејнрит.
  • „Стигмата“ (Stigmata) - песна на американската метал-група „Министри“ (Ministry) од 1988 година.[1]

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads